ХЕСЕД континуирано развива своја неформална образовна програма и во организацијата успешно вмрежува нови волонтери и едукатори, кои со својата креативност ја збогатуваат нашата заедница, помагајќи на деца и млади од социјален ризик.

Давањето е богатство.
Љубовта сме сите ние!
Подари насмевкa.
ПОДАРИ ЉУБОВ!
ХЕСЕД волонтер
Често имаме потреба од волонтери кои нѝ помагаат во логистичкиот и техничкиот сектор
Во својата структура вклучуваме динамични, исполнителни и тимски настроени волонтери, посветени на мисијата и целите на организацијата. Секој наш волонтер е и член на ХЕСЕД, а со тоа стекнува право на надомест на трошоци за волонтерските услуги.
ХЕСЕД едукатор
Секој наш едукатор- ментор го избира начинот на кој делува во организацијата, како член или како надворешен соработник на ХЕСЕД. Со членството се стекнува право на надоместоци за понудените услуги и активности. Членовите исполнуваат и определени задачи според статутот на Хесед.
Менторирањето се реализира во текот на целата учебна година и е планирано за ученици од сите нивоа на задолжителните образовни програми. Преку летниот период се спроведуваат креативни работилници од уметностите и литературата.
Во потрага сме по едукатори од:
- применета уметност
- природно-математички науки
- јазични подрачја:
- македонски јазик и литература
- албански јазик
- англиски јазик

Учебната година е период кога сме најактивни. Регрутацијата на волонтери ја вршиме полугодишно, или периодично според потребите.
Обука за нови членови
Хесед обезбедува задолжителна обука за нови членови- волонтери и едукатори, како вовед во работните активности и природата на дејноста во која делува организацијата. Дополнително, членовите имаат можност да се вклучат и во некои од обуките и работилниците кои ги организира пошироката заедница од невладиниот сектор.
Доколку поседуваш вакви вештини и наобразба и воедно, хуманиот придонес кон заедницата ти одѕвонува, сакаме да ја чуеме твојата приказна.
You must be logged in to post a comment.