Цели на ХЕСЕД

Хесед активно и континуирано делува во областа на промовирање и етаблирање на неформалното образование и професионалната ориентација на деца и млади, со фокус на ранливи групи на граѓани (деца и млади без родителска грижа и оние од другите социјално ранливи категории).
Партиципацијата на невладините организации во делот на изразување на одделните интереси на поединци и групи кои се во зоната на ризик или пак се соочуваат со социјална исклученост е од исклучителна важност.



Програмските активности на Хесед (2019-2021) се планирани во согласност со стратешките приоритети на Владата на Р. С. Македонија во областа на образованието и намалување на социјалната исклученост и Милениумските развојни цели дефинирани од Обединетите нации.


»Образование
»Сиромаштија и социјална обесправеност
»Социјална заштита
»Детска заштита
»Сензибилизација на јавноста за социјална вклученост


Проектите кои  ги реализираме имаат пред сѐ, за цел:
– да го надополнат и збогатат воспитно- образовниот процес кај различните категории на лица во развој: социјално загрозените деца, голем дел од ранливите категории и во целост сите деца и млади.
– да стимулираат современ концепт на однесување кон социјално исклучените лица  и оформување на нов социјален модел, кој во прв план ја става личноста и нејзините особености, а не причината за исклученоста во општеството
– да обезбедуваат пристапи кон вонинституционални и институционални форми на социјална и детска заштита
– да ја зголемат општата свест кај јавноста за социјалната вклученост на лицата од ранливи категории

еднакви можности за образование

Обезбедуваме еднакви можности за иновативно и креативно неформално образование и професионална ориентација на сите деца и млади

 Особен придонес кон унапредување на општеството имаме со реализација на следните цели:

  • да се намали бројот на деца и млади кои не успеале да го постигнат основното ниво на знаење;
  • да се постигне одржлив развој во неформалното образование;
  • да се намалат нееднаквостите во образованието;
  • да се поддржува високо квалитетна неформална настава со обучување наставници неопходни за таков вид на поучување;
  • развој на неформално образование кое се темели на најновите светски сознанија и успешни трендови;
  • промоција на иновативност и креативност во наставата и во совладувањето на знаењата;
  • подобрување на знаењето и мотивираноста за учење на децата и младите;
  • обезбедување на безбедна и стимулирачка средина за учење;
  • мотивирање на децата и младите да стекнуваат знаења, особено деца и млади кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, од малцински етнички групи и деца без родители;
  • поддршка на индивидуална интеграција на деца и млади со специјални потреби;
  • развивање на основни знаења, вештини, надлежности и однесувања кои учениците понатаму ќе ги користат како основа за поспецифично образование;
  • поддршка на методите на евалуација кои се фокусирани на индивидуалниот развој на секој ученик одделно;
  • дијагностицирање на посебните образовни потреби на деца и млади од социјално загрозени семејства, деца без родители и промовирање на мерки за поддршка на нивното образование;
  • поддршка на неформалното образование и неговите врски со формалното образование во групи на деца и млади од 6 до 18 годишна возраст, со особен осврт кон групите кои се во границите на социјална, културна и јазична исклученост;
  • развој и вклучување на ефикасни активности во образовниот процес, кои ќе ги насочат учениците кон здрав животен стил;
  • поддршка на советодавни услуги директно во училиштата за ефикасна помош на децата и младите;
  • континуирано подобрување на квалитетот на советување во основните и средните училишта, и јавните установи за грижа на деца без родители.