Активностите на ХЕСЕД се фокусирани на дополнување и збогатување на воспитно- образовниот процес на деца и младинци од социјално загрозените општествени категории.
ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНОВАТИВНО И КРЕАТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Повеќегодишните истражувања на тимот на ХЕСЕД, како и изминатата пракса од почетокот на делувањето на организацијата, покажуваат позитивни корелации помеѓу креативното поучување кое го нудиме и нивото на квалитетот на знаењата и вештините кај популацијата со која работиме. Со тоа, докажано се подигнува нивото на работата, како на децата, така и на наставниците, и директно се помага во реализација на делотворен воспитно- образовен процес.
Како делуваме на дело
Мој ментор/ тутор– долгогодишен проект на Хесед
Мојата идеална професија– од кампањите на ХЕСЕД
ХЕСЕД во 2017 година изработи серија од кратки видео емисии „Мојата идеална професија“, за потребите на кампањата „Развивање на свеста кај децата за професионална ориентација“. Оваа кампања е наменета за популацијата со која активно работи- деца и младинци од социјално ранливите категории.
Развиваме читачки навики- проект со корисниците од ЈУ Дом „11 Октомври“- Скопје