Визија и Мисија

ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНОВАТИНО И КРЕАТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ВИЗИЈА

Креативното неформално образование кај децата и младите директно влијае на здравиот развој на личноста, води кон градење квалитетен живот и нуди подобри можности за вработување и кариерен напредок.

Нашата НВО-ХЕСЕД е македонска водечка интернационална организација за иновативно и креативно неформално образование и професионална ориентација за деца и млади, со фокус на популација од социјално ранливи категории.

Делувајќи во мулти- етничко општество ориентирани сме кон зачувување, развој и сплотување на културите од посебните етнички заедници, кои, за нас, претставуваат систем на размена на вредности.

Ние во ХЕСЕД го препознаваме активното учество на граѓаните, особено младите, како предуслов за развој на општество базирано на солидарност, одржлив развој и демократско водство.


МИСИЈА

ХЕСЕД  придонесува во достапноста на квалитетно, заедничко, интернационално иновативно и креативно неформално учење за сите деца и млади преку спроведување на креативни и одржливи проекти и активности.

Образованието е од огромно значење за секоја индивидуа и треба да биде од врвен интерес на едно општество во развој. Нашата надеж се децата и младите кои ќе ги искористат бројните можности за стекнување знаења преку иновативното и креативно неформално учење.