Интерактивни наставни листови
македонски јазик, математика, природни науки..
По долгогодишно следење на целиот систем во училиштата, се здобивме со идеја да им помогнеме на наставниците, родителите и учениците по предметна настава. ХЕСЕД креира интерактивни наставни листови кои учениците ќе ги работат за времето додека наставничката ја предава лекцијата. На овој начин учениците ќе имаат активност и со насока од наставничката ќе ја усвојат целата нова материја за време на часот.
Предмети по кои се изработени вакви наставни листови:
македонски јазик, математика, природни науки, географија, историја, физика, хемија и биологија.
Цел:
- Активност на сите ученици од сите нивоа приспособени со стандардите кои наставната содржина ги прикажува.
- Будење на интерес и кај оние ученици кои немаат активност за време на часот.
- Преку визуелна представа и игра осознавање на содржината по зададениот предмет.
Очекувани резултати:
- Разбрана содржина во целост,
- усвоено знаење на самиот час,
- активирани ученици од сите нивоа,
- конкретна слика и
- стекнати нови знаења по бараниот предмет.