Проекти

Мојата идеална професија- инспиративна кампања на ХЕСЕД

Ние во ХЕСЕД постојано се стремиме кон шнови, иновативни проекти со кои ќе ги постигнеме нашата визија и мисија. Нашиот тим работи напорно на усовршување и исполнување на сите планирани проекти. Дел од тие проекти се:
 

Ментор/ Тутор

Ментор-Тутор е проект создаден после 3-годишно истражување од тимот на Хесед, наменет за сите деца од домовите за деца без родители. Целта на овој проект е будење на свеста кај децата за осамостojување и препознавање на приоритетот учење и градење на сопствена кариера.

Под овој проект спаѓаат повеќе гранки. Една од нив е следнава:

Мој Ментор/ Тутор – Менторство преку донаторство

Во светот, менторство/туторство е општо признат и користен начин за поддршка на поединци, а особено на поединци и/или групи од ранливите општествени категории. Истото се однесува и на деца и млади без родителска грижа кои се институционално згрижени.

Проектот „Мој Ментор/ Тутор“ се осврнува на обезбедувањето на финансиски средства за  менторство преку донаторство, на децата и младите без родителска грижа, како основа за непречено и континуирано одржување на солидното знаење од наставните програми, а обезбедениот континуитет во едукативниот развој пак, го претставува потенцијалот кој, на секоја личност ќе му даде можност за избор на професија, работна ангажираност и вклученост во  општествените текови.

Преку овој проект, целта на ХЕСЕД е да ја разбуди и поттикне свеста за менторството преку донаторство кај бизнис заедницата, со што ефикасно ќе се задоволат дополнителните едукативни потреби на децата без родителска грижа.

Ресурси за децата по предметна настава во училиштата

По долгогодишно следење на целиот систем во училиштата,се здобивме со идеја да им помогнеме на наставниците, родителите и учениците по предметна настава. Создадовме интерактивни наставни листови кои учениците ќе ги работат за времето додека наставничката ја предава лекцијата. Учениците на овој начин ќе имаат активност и со насока од наставничката ќе ја усвојат целата нова материја за време на часот.

Педагог / Психолог

Глобалната слика на училиштата се базира врз една голема потреба за вметнување педагог и психолог од една малку помодерна перспектива.Во училиштата постојат низа на случувања каде најголема улога би требало да имаат педагогот и психологот.
 
Овој проект се одвива со советување на педагог и психолог од страна на експерт за лидерство. Има за цел да создаде трибина на педагози и психолози кои ќе ги стимулира да бидат целосни и во чекор со модерните и развиени општества.

Прва помош

ХЕСЕД во соработка со организацијата “Линк а Крос” одржа обука во давање на прва помош во домот 11 Октомври. На оваа обука беа присутни вработените во домот и им беше демонстрирано како да се справат во ситуации ккога ќе се случи несреќа. Со оваа обука сакаме да ги припремиме вработените кои постојано се во околина на децата од домот и со тоа да им понудиме една посигура работна околина.

ХЕСЕД- помагател во сите едукативни компоненти

Почеток на втората Хесед година во ЈУ дом „11 Октомври“ во населбата Капиштец, Скопје. Љубовта како движечка сила ни е погон за секој чекор што го правиме. Не е едноставно, но е вистинито и суштествено. Описменување, учење, вежби, советување, радување, справување со животот. Овие деца ја имаат најсилната љубов во себе. Хесед е помагател во сите едукативни компоненти и со огромна љубов твори низ времето. А ова лето, читаме лектири, прераскажуваме, учиме како правилно да се изразуваме, и се запознаваме со љубовта кон пишаниот збор.

 

Галерија – Матурска прослава 2018