Педагог / Психолог

Right-To-Education_0_0

Глобалната слика на училиштата се базира врз една голема потреба за вметнување педагог и психолог од една помодерна перспектива.                          Во училиштата постојат низа случувања каде најголема улога би требало да имаат педагогот и психологот. Не е спорна нивната работа како квалитетни изведувачи, но суштината на резултатот за овие генерации бара нешто друго, нешто поинакво, а сепак е работа на стручни лица кои би ја вршеле својата функција според потребата на учениците.
Еден педагог има задача да го следи образовниот развој кај учениците од сите нивоа и да спроведува активности како поттик за нивното подобрување.
Еден психолог има за задача да ја следи психо-физичката состојба кај учениците и во целост да превзема индивидуална истражувачка иницијатива за подобрување на неговиот психофизички развој се со цел да владее здрава околина.
Секое училиште има транспарент на карактери и социјални опкружувања на ученици. Психологот треба да ги познава индивидуално сите деца и секојдневно да ја следии нивната состојба. Оние ученици кои имаат потреба да посетуваат сесија на советувања да бидат навистина спроведени и опфатени од професионалци се со цел за развојот на здрава ментална состојба кај поединците. И педагогот и психологот имаат за задача да го следат развојот не само на учениците туку на сите вработени во една институција и пружат рака и на интровертните за да добијат здрав производ од својат истражувачки труд.

Овој проект се одвива со советување на педагог и психолог од страна на експерт за лидерство. Има за цел да создаде трибина на педагози и психолози кои ќе ги стимулира да бидат целосни и во чекор со практиките кај развиените и модерни општества.

Цел:

  1. Подобра слика и безбедност на едно навистина значително ниво.
  2. Услуга на сите ученици и вработени од различна дефакто-состојба.
  3. Ред и дисциплина спроведени со разбирање на реалноста во околината од страна и на учениците и од страна на вработените.

Очекувани резултати:

  • Здрава психофизичка околина;
  • Решенија за проблемите кои длабоко тлеат во човечките битиа од најмала, па сѐ до најстара возраст во една воспитно- образовна институција;
  • Намалување на насилство и деликвенција во училиштата;
  • Развој на когнитивните процеси кај децата и
  • Можност за професионален напредок на светско ниво за сите деца во Р. С. М.