Летото е време за одмор и релаксација, но и време кога ние неуморно работиме за да ги зајакнеме капацитетите на организацијата и да обезбедиме посветла иднина за нашите корисници- децата и младинците од социјално загрозените категории во општеството. Тоа е сѐ со цел да ја дочекаме спремни новата учебна 2020/21 година, со обезбедени средства за сите наши проекти за неформално иновативно и креативно образование.
Една од нашите успешни приказни е кампањата „ПАТУВАЧКА КУТИЈА НА ХЕСЕД“ за прибирање донации од хумани граѓани, посетители на одделни локации каде се наоѓа донаторската кутија.
Почнувајќи од 1 јули заклучно со 4 август 2020 година, ХЕСЕД во соработка со ТИНЕКС Маркети ќе ја реализира оваа кампања, со поставување донаторска кутија, која секоја седмица ќе пропатува низ 5 различни маркети на територијата на град Скопје.
Локациите и редоследот на Тинекс маркетите и супермаркетите каде ќе биде поставена кутијата за донации, во секој одделно во времетраење од по 1 седмица се:
Цветен (Јужен булевар)
Катна гаража Македонска фаланга, Скопје
1 – 7 јули 2020
Раде Кончар
Трета македонска бригада, бр.56, Скопје
8 – 14 јули 2020
Зебра
Васил Ѓоргов, бр.16, Скопје
15 -21 јули 2020
Драмски
Шекспирова бр.6, Скопје
22- 28 јули 2020
Првомајска
Борис Трајковски, бр.66, Скопје
29 јули – 4 август 2020
Бидете хумани, помогнете секое дете да добие квалитетно образование.