Матурска Прослава 2018

Во понеделник на 28 мај 2018, тимот на ХEСЕД беше поканет да присуствува на матурската прослава во домот за деца 11-ти Октомври – Скопје.
Сакаме да искажаме голема благодарност до “Интер Сити Штаб” – Зоран Христов за подароците кои ги донираше за овие деца (кожни обувки за секој матурант) и за прекрасната декорација донирана од “Артисан” – Загорка Аврамовска која овозможи еден топол и навистина матурски амбиент.

Тимот на ХЕСЕД веќе цела година им помага на децата во изучување на наставните содржини после часовите. Како претседател на Хесед и благодарам на директорката Соња Стамевска за нејзината огромна професионалност, посветеност и одлична организација околу се што Хесед беше во потреба за да резултира со успех.

Продолжуваме и понатаму со огромна љубов да им служиме на овие деца.
Техничка поддршка (волонтери за почит): Боба Хаџи Христова, Мирјана Стојановска, Ема Зафирова, Ирина Кара и Марина Христова.
оперативци : Марко Kaрбевски, Елена Наумовска и тимот на Красимира Гошева.