„Хесед“ се дефинира како долготрајна, долготрпелива и милостива љубов која луѓето меѓусебно ја даваат. Етимолошки се среќава уште кај старите еврејски народи, како опис за љубовта на Бога кон луѓето.
Во контекст на нашето делување како организација за неформално образование за деца и млади, “ХЕСЕД“ ја претставува посветеноста, истрајноста, несебичноста и безусловната љубов која се дава преку насочување, поучување, советување, грижа за здрав когнитивен и емоционален развој и исправање на патот со вистински животни вредности.

Хесед- љубов од оние кои ја имаат и умеат да ја дадат на оние на кои им е најпотребна
Сите соработници, наставници- ментори, донатори, партнери и поддржувачи на мисијата на Хесед ја имаат во себе оваа мудрост и секој во својата област и со своите можности делува во остварување на целите на организацијата. Нам континуирано ни е потребна ваквата милост, бидејќи целните групи со кои работиме секојдневно имаат потреба од интегрирање знаења од неформални образовни профили.

Децата и младинците со кои Хесед работи од самото основање, неизмерно се благодарни за сета помош и љубов и ваква порака сакаат да испратат до сите помагатели:
Давањето е богатство. Љубовта сме сите ние!