Нашата ВИЗИЈА:
Генерално, целта на иновативното, неформално образование на децата и младите, ја гледаме како личен развој кој води кон кавлитетен живот и кон подобри шанси за вработување.
Како мулти етничка држава, ќе бидеме ориентирани кон зачувување и развој на културите, кои за нас, претставуваат систем на размена на вредности.
Како НВО, го препознаваме активното учество на граѓаните, особено младите, како предуслов за развој на општество базирано на солидарност, одржлив развој и демократско водство.
Нашата НВО-ХЕСЕД ке биде водечка интернационална организација за иновативно и не-формално образование и професионална ориентација за деца и млади.
Нашата МИСИЈА:
Образованието е врвен интерес на општеството, исто како и индивидуите, и е од огромно значење; нашата надеж се децата и младите кои ќе ги искористат бројните можности за стекнување знаење преку иновативното и неформално учење.
ХЕСЕД ќе допринесува во достапноста на квалитетно, заедничко, интернационално, иновативно, неформално учење за сите деца и млади преку спроведување на креативни и одржливи проекти и активности.
Мотото на ХЕСЕД е:
„КРЕАТИВНОТО УЧЕЊЕ Е ВО СРЕДИШТЕТО НА СЕ’ ШТО ПРАВИМЕ!“