По долгогодишно следење на целиот систем во училиштата,се здобивме со идеа да им помогнеме на наставниците,родителите и учениците по предметна настава.Нашата идеа е да направиме интерактивни наставни листови кои учениците ќе ги работат за времето додека наставничката ја предава лекцијата.Учениците на овој начин ќе имаат активност и со насока од наставничката ќе ја усвојат целата нова материја за време на часот.
Предмети по кои ќе бидат изработени вакви наставни листови:Македонски јазик,Математика,Природни науки,Географија,Историја,Физика,Хемија и Биологија.
Цел:
Активност на сите ученици од сите нивоа приспособени со стандардите кои наставната содржина ги прикажува.Будење на интерес и кај оние ученици кои немаат активност за време на часот.Преку визуелна представа и игра осознавање на содржината по зададениот предмет.
Очекувани резултати:
Разбрана содржина во целост,усвоено знаење на самиот час,активирани ученици од сите нивоа,конкретна слика и стекнати нови знаења по бараниот предмет.