Педагог / Психолог

Глобалната слика на училиштата се базира врз една голема потреба за вметнување педагог и психолог од една малку помодерна перспектива.Во училиштата постојат низа на случувања каде најголема улога би требало да имаат педагогот и психологот.Не е спорна нивната работа како квалитетни изведувачи но суштината на резултатот за овие генерации бара нешто друго,нешто поинакво,а сепак е работа на стручни лица кои би ја вршеле својата функција според потребата на учениците.Еден педагог има задача да го следи образовниот развој кај учениците од сите нивоа и да спроведува активности како поттик за нивното подобрување.Еден психолог има за задача да ја следи психо-физичката состојба кај учениците и во целост да превзема индивидуална истражувачка иницијатива за подобрување на неговиот психофизички развој се со цел да владее здрава околина.Секое училиште има транспарент на карактери и социјални опкружувања на ученици.Психологот треба да ги познава индивидуално сите деца и секојдневно да ја следии нивната состојба.Оние ученици кои имаат потреба да посетуваат сесија на советувања да бидат навистина спроведени и опфатени од професионалци се со цел за развојот на здрава ментална состојба кај поединците.И педагог и психолог имаат задача да го следат развојот не само кај учениците туку кај сите вработени во една институција и пружат рака и на интровертните за да добијат здрав производ од својат истражувачки труд.

Овој проект ке се одвива со советување на педагог и психолог од страна на експерт за лидерство.И ќе има за цел да создаде трибина на педагози и психолози кои ќе ги стимулира да бидат целосни и модерни во ова општество.

 

Цел:

Подобра слика и безбедност на едно навистина значително ниво.Услуга на сите ученици и вработени од различна дефактосостојба.Ред и дисциплина спроведени со разбирање на реалноста во околината од страна и на учениците и од страна на вработените.

 

Очекувани резултати:

Здрава психофизичка околина.Решенија за проблемите кои длабоко тлеат во човечките битиа од најмала па се до најстара возраст во една воспитно образовна институција.Намалување на насилство и деликвенција во училиштата.Развој на децкиот интелект и можност за напредок на свецко ниво за сите деца во Р.М.