ХЕСЕД како помагател во сите едукативни компоненти

Почеток на втората Хесед година во домот 11 Октомври во Капиштец. Љубовта како движечка сила ни’ е погон за секој чекор што го правиме. Не е едноставно, но е вистинито и суштествено. Описменување, учење, вежби, советување, радување, справување со животот. Овие деца ја имаат најсилната љубов во себе. Хесед е помагател во сите едукативни компоненти и со огромна љубов твори низ времето. А ова лето, читаме лектири, прераскажуваме, учиме како правилно да се изразуваме, и се запознаваме со љубовта кон пишаниот збор.

 

Во галеријата може да погледнете и дел од работната атмосвера изминатава година.